Вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2022 година изнесува 7.840.633.000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на трошоците за управување со отпадни води (35,56 %), потоа на трошоците за постапување со отпад (29,96 %) и на трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (24,94 проценти).
Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 64,76 проценти, а за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина 35,24 %.
ДЗС регистрира дека од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 4.485.874.000 денари, односно 57,21 %. Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 42,36 проценти се наменети за инвестиции, а 57,64 % се за одржување на средствата.
Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 85,8 %.