Цената на биткоинот достигна седуммесечен минимум, бидејќи таа криптовалута е во пад од 400 долари за последните неколку часа.
Биткоинот моментално вреди под 6500 долари.
Ценовниот колапс на биткоинот доаѓа како последица на хакерскиот напад претходно оваа недела, што резултираше со масовна продажба а се поклопува и со новите истражувања кои сугерираат дека вредноста на биткоинот е вештачки надувана во 2017та.
Падот во 2018 е последица на константната загуба на вредноста на таа криптовалута, од моментот кога биткоинот достигна рекорд од 20 000 долари пред крајот на минатата година.
Остриот пад на цената на биткоинот се одрази на пазарот на криптовалути, со тоа што сите најбарани дигитални валути се во пад помеѓу 7 и 13 отсто во изминатите 24 часа, според CoinMarketCap.
Цената на биткоинот достигна скоро 20 000 долари кон крајот на 2017та, што резултураше со пораст на интересот за таа криптовалута.
Извор: Фактор