Иако две недели со ред имаше раст на цената на нафтата што е последица на јакнење на трговската напнатост во светот и зголемувањето на производството во Саудиска Арабија, мината недела цената на нафтата на светските пазари падна.

За 2,9 отсто падна цената на барелот на пазарот во Лондон, на 77,15 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,4 отсто на 73,80 долари.