Цените на суровата нафта се стабилизира под нивото од 67 долари, вниманието повторно е свртено на прекумерната понуда. На лондонскиот пазар цената на нафтата остана непроменета во однос на претходното затворање на 66,70 $. На американскиот пазар се тргуваше за 25 центи пониска цена, од 59,63 $.
Во фокусот на пазарот се уште е вишокот на понуда. Главните производители во рамките на ОПЕК произведуваат два милиони барели на ден повеќе отколку што е потребно, што доведува до пополнување на залихите од Европа до Кина.
“Снабдувањето во моментов ја надминува потрошувачката за повеќе од два милиони барели дневно. Тоа мора да го притисне пазарот”, изјави Еуген Вајнберг од Комерцбанк.
Американскиот пазар постепено се балансира но во другите области на производство се уште продолжува значително да ја надминува потрошувачката.
ОПЕК на својата веб страница објави дека цената на барел сурова нафта во четвртокот изнесува 63,13 $, што значи пад за 64 центи во однос на претходниот трговски ден.