Цените на нафтата на светските пазари се зголемија и минатата недела, втора седмица по ред, па се движат околу највисоки нивоа од крајот на 2014 година, откако Саудиска Арабија порача дека сака повисоки цени на „црното злато“.
На лондонскиот пазар цената на барел минатта недела порасна за два проценти, на 74,05 долари, додека на американскиот пазар барел поскапе за 1,5 отсто, на 68,40 долари. Растот на цените на највисоки нивоа од 2014 година најмногу е последица на пораките дека Саудиска Арабија сака раст на цените до 80 па и 100 долари за барел, што е протолкувано како знак дека Ријад не сака да се менува договорот на ОПЕК за намалување на производсвото, и покрај доближувањето до зацртаните цели.