Цените на нафтата паднале поради скокот на бројни нафтени бунари во САД четврта недела по ред, но и понатаму се на пат втор последователен месец да завршат во „зелено“.

Цената на нафтените фјучерси во Њујорк овој месец пораснала за 3,7 отсто, иако денес е регистриран пад од 1,0 отсто поради податоците кои укажаа на зголемена активност на дупчења во САД.

 

 

Американската лесна нафта WTI за испораки во јуни поевтинила за 72 центи на 67,38 долари по барел на Њујоршката берза. Вкупниот обем на тргување бил околу 13% под 100-дневниот просек.

Цената на северноморската нафта „брент“ за јунска испорака паднала за 86 центи на 73,78 долари за барел на лондонската берза ICE . Центе на „брентот“ пораснале овој месец за 5,0 отсто.

Во САД, бројот на активни нафтени бунари е зголемен за пет минатата недела, на вкупно 825 , што е најмногу бунари од март 2015 година, според податоците на компанијата „Бејкер Њуз.