Цените на нафтата на меѓународните пазари се стабилизираа над нивото од 35 $ откако Саудиска Арабија најави дека ќе соработува со другите производители за да ги запрат осцилациите на пазарот.
На лондонскиот пазар сурова нафта се зголеми за 44 центи на 35,54 $. На американскиот пазар нафтата се тргуваше по речиси непроменета цена од 32,95 $.
Саудиска Арабија, Катар и Венецуела од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во февруари постигнаа договор со Русија да се замрзне производството на нивото од јануари со цел да се поддржат цените на нафтата.
Во меѓувреме од Саудиска Арабија стигна дополнителна потврда за подготвеност за соработка. “Кралството (Саудиска Арабија) настојува да се постигне стабилност на пазарот на нафта и ќе остане во контакт со водечките производители како би се обиделе да ги ограничат осцилациите. Исто така го поздравуваме секој конкретен чекор за соработка”, се вели во соопштението на саудиската влада.