Цената на златото на светскиот пазар ги надмина 1300 долари за унца, за прв пат од август минатата година, врз основа на шпекулациите дека забавувањето на глобалниот раст ќе ги охрабри централните банки за зголемување на монетарните стимуланси, и во такво расположение е зголемената побарувачка за безбедните засолништа за капиталот, анализаат светските медиуми.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка овој месец го намалија предвидувањето за растот на глобалната економија, иако проценките се зголемија за американската економија.Властите во Европа и Азија се под притисок да превземат нови чекори за поддршка на растот, во контекст на ниска инфлација, која долго време е под пожелното ниво.
“Капиталот се насочува кон безбедните засолништа како што е златото”, вели Марк Да, аналитичар во финансиска група Wing Fung. ” На пазарот моментално има мноштво на вести кои го поддржуваат растот на цената на златото, вклучувајќи ги очекувањата за забавен глобален раст, несигурноста за тоа кои мерки ќе ги превземе Европската централна банка (ЕЦБ), како и очекувањата на дополнителни монетарени стимулси низ целиот свет”, изјави тој за новинската агенција Блумберг.
Минатата недела цената на златото порасна за 4,7 проценти, најмногу од 2013 година, затоа што инвеститорите побараа засолниште за капиталот поради земјотресот на девизните пазари после одлуката на Швајцарската централна банка да ги укине мерките за фиксниот курс на франкот во однос на еврото.
Во меѓувреме, поскапе и цената на среброто на 18,3327 долари за унца, која е негова највисока цена од септември минатата година.