Златото и среброто на азиските пазари се тргуваше по цени во близина на најниското ниво во последните пет години поради се поголемото верување дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки до крајот на годината.
Злато на почетокот на тргувањето во Азија падна под психолошката граница од 1100 долари за унца, а потоа цената се зголеми на околу 1104,08 за унца, пренесуваат од The Wall Street Journal.
Аналитичарите сметаат дека цената на жолтиот метал наскоро може да падне под 1.000 долари за унца, што е граница која ќе ја доведе дискутабилна добивката на рударски компании за екстракција на злато.
Поради зголемувањето на доларот суровините се помалку атрактивни за инвеститорите. Тие сакаат да инвестираат во средства со приноси, додека суровини не обезбедуваат приход, но сносат трошоци за чување.
Злато го привлече вниманието на инвеститорите во текот на финансиската криза од 2008 година, но после тоа апетитите за профит на инвеститорите се зголемија. Покрај тоа, трошоците за чување на златото може да се зголемат по зголемување на каматните стапки.
Интересот за златото го поттикна интересот и за другите благородни метали, како што среброто, платината и паладиумот.
Цената на среброто се искачи од 14,63 доалри на почетокот на трговањето на 14,76 долари, што е блиску до нивото на почетокот на 2010 година. Цената на платината е 974,70 долари за унца, што е блиску до најниското ниво во последните шест и пол години, а паладиумот е во близина на најниско ниво од ноември 2012 година 605 долари за унца.