Скокна цената на златото, поради два значајни фактори.
Златото вчера имаше раст на ниво од 1,347 долари, што е рекорд за месец дена.
Златото ја зголеми својата вредност поради слабиот американски долар.
Инвеститорите започнаа да се концентрираат на финансиските инструменти кои се сметаат за сигурно скривалиште откако претседателот Донлад Трамп ги одобри најновите царински тарифи во вредност од 50-60 милијарди долари против Кина, додека оваа држава вети дека ќе го возврати ударот.
Тоа предизвика стравови од трговска војна поради што инвеститорите започнаа да ги напуштаат акциите кои се сметаат за ризични за инвестирање.