Продолжува низата на пад на вреедноста на биткоинот, а и на сите криптовалути.
Имено синоќа цената на биткоинот падна под 7500 долари, а вредноста на сите криптовалути се намали на 280 милијарди долари.
Пред крајот на минатата недеела овој пазар вредеше 550 милијарди долари. Ова создаде паника дека криптомеурот ќе пукне.
За две третини падна вредноста на биткоинот кој во декември се искачи на 19.000 долари.
Се смета дека криптовалутите се на “прагот на пропаст”, а тоа е резулатат кога 50 дена по ред цената паѓа.
Според аналитичарите падот е поради владините регулативи ширум светот.
Пад има и кај етериумот кој вчера се тргуваше за 400 долари.