Цените на нафтата го надминаа нивото од 49 $ по руската воздушна интервенција во Сирија, која ги потисна во позадина новите сигнали на забавување на економскиот раст во Азија и растот на залихите во САД.
На лондонскиот пазар цената на нафтата се зголеми за 97 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 49,34 $. На американскиот пазар се тргува за 1,10 $ повисока цена, од 46,19 $.
Русија во средата започна воздушни напади врз позициите на терористичката група Исламска држава во Сирија, како дел од најголемата руска интервенција на Блискиот Исток во последниве децении.
“Руската воена интервенција во конфликтот во Сирија ги зголеми геополитичките ризици, што ги зголеми цените”, коментира Carsten Fritsch од Commerzbank Франкфурт.
Дополнителна поддршката за раст на цените е зајакнувањето на ураганот Хоакин, на патот кон Бахамите, иако од прогнозата не може да се заклучи дали ќе го погоди и САД.
Трговците го пратат движењето на ураганите во Атлантикот поради можното затворање на платформите во Мексиканскиот Залив или во исклучителни случаи оштетување на инфраструктурата.
Зголемувањето на цените го ограничија новите знаци на економско успорување во Азија и преполните нафтените резероари во САД. Според податоците објавени во четвртокот, активностите во кинескиот индустриски сектор се намалиле во септември и довербата на производителите во Јапонија е влошена.
Објавениот извештај на американската влада покажа дека залихите на сурова нафта минатата недела се зголемиле за четири милиони барели, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите.