Цените на нафтата нагло паднаа на меѓународните пазари откако Саудиска Арабија го спречи обидот на водечките производители на состанокот во Доха за замрзнување на производство и на тој начин да се ублажи проблемот на прекумерната понуда.
На лондонскиот пазар цената на суровата нафта падна за 1,25 $ во однос на претходното затворање и изнесуваше 41,85 $. На американскиот пазар суровата нафта се тргува за 1.37 $ пониска цена, од 38.99 $ за барел.
Во неделата во Доха се собраа 18 земји извознички на нафта, вклучувајќи ја и Русија, како би договориле да го замрзнат производството на нафта на нивото од јануари. Договорот пропадна бидејќи Саудиска Арабија опстојува на барањето и Иран да учествува во конечниот договор, иако Иран се изјасни дека нема да го замрзне производството се додека не го достигне нивото на производство од периодот пред санкциите.
Поизразен пад на цените е спречен од штрајкот на нафтените работници во Кувајт, поради тоа производството на нафта во Кувајт е намалено за околу 60 проценти, како и намалувањето на бројот на бушотини во САД на нивото од 2009 година.