Цените на нафтата во средата на меѓународните пазари падна по завршувањето на штрајкот на нафтените работници во Кувајт, со што повторно се пренасочува вниманието на прекумерната понуда.
На лондонскиот пазар цената на нафтата падна за 77 центи во однос на претходното затворање на 43,26 долари. На американскаиот пазар нафтата се тргува за 94 центи пониска цена, од 40,14 долари.
Производство на нафта во Кувајт се зголеми на 1,6 милиони барели дневно, од 1,1 милиони на ден колку што изнесуваше во неделата пред почетокот на штрајкот. На крајот на март во Кувајт се произведуваа 2,8 милиони барели дневно.
Крајот на штрајкот повторно ги разгоре шпекулациите за пад на цените на нафтата, особено по неуспехот на состанокот на водечките компании извозници на нафта во неделата да се замрзне производството за да се поддржат цените.
Проблемот на прекумерната понуда се интензивира по објавените податоци на Американскиот институт за нафта (API), кои покажаа скок на залихите на нафта во САД за 3,1 милиони барели. Аналитичарите очекуваа да се зголемат за 2,4 милиони барели.