Цените на нафтата во средата повторно се лизнаа, откако најновите податоци на САД покажуваат натамошно зајакнување на вишокот на понуда на глобално ниво, а во фокусот на учесниците на пазарот е и очекуваното зголемување на каматните стапки во САД.
На лондонскиот пазар нафтата се тргуваше за 85 центи пониска цена од 37,60 $. На американскиот пазар цената остана речиси непроменета и изнесува 37,16 $. Поддршка цените обезбедија од очекуваните промени во американскиот закон кој ќе овозможи извоз на нафта од САД.
Најновите податоци од Американскиот институт за нафта (API) покажа изненадувачко зголемување на американските залихи на сурова нафта минатата недела за 2,3 милиони барели. Во анкетата на Ројтерс аналитичари предвидуваат пад на залихите за 1,4 милиони барели.
Учесниците на пазарот исто така се припремаат за зголемувањето на каматните стапки во САД, кои на доларот треба да му дадат голем поттик. Тоа за возврат ќе значи дека нафтата, обично изразена во долари ќе поскапи за сопствениците на другите валути, потсетува Ројтерс.