Цените на нафтата на меѓународните пазари се стабилизира под 48 $, под притисок на загриженоста во врска со скоро полните капацитети за складирање кои додатно го нагласуваат проблемот на прекумерната понуда.
На лондонскиот пазар цената на нафтата остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 47,69 $. Значителни промени во цената немаше и на пазарот во САД, каде што се тргуваше за 44,35 $.
“Иако нашите пресметки за дериватите сугерираат дека залихите нема да може целосно да ги пополнат капацитетите за складирање, тие проценки се релевантни со високи ризици, што значи дека трендот на намалување на цената на суровата нафта во договорите за испорака на краток и долг рок би можел да трае до крајот на пролетта следната година “, истакнуваат аналитичарите од Goldman Sachs.
Извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) Fatih Birol во понеделникот предупреди дека поради ниската цена инвестициите во нафтениот сектор ќе се намалат следната година, откако оваа година се намалиле за една петтина.
“Доколку ова се покаже како точна прогноза, инвестициите за прв пат во последните две децении ќе забечежат пад две последователни години”, изјави Birol во Сингапур на Меѓународната енергетска недела.