Цените на нафтата на светските пазари повторно се спуштија под нивото од 50 долари, со оглед на најновата анкета која покажа дека во пресред на референдум предност имаат заговорниците за излез на Британија од Европската унија, па оптимистичките проценки за побарувачката паднаа во втор план.
На лондонскиот пазар цената на нафтата се намали за 66 центи, на 49,69 долари. На американскиот пазар нафтата се тргува за 48,23 $, што е 65 центи пониска цена во споредба со затворањето претходниот ден.
Засолништа за капитал во нестабилни времиња, како швајцарскиот франк и германските државни обврзници добија на атрактивност па нивната цена се зголеми, додека паднаа цените на берзите и индустриските суровини, чувствителни на економските ризици, откако две истражувања покажаа дека во Велика Британија околу десет дена пред референдумот се зголемува поддршката за напуштање на ЕУ.
Тоа ги потисна во позадина оптимистичките проценки за растот на побарувачката на нафта објавен од страна на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), потврдувајќи дека нафтениот пазар во основа е избалансиран, по две годишен вишок.