Нафта се тргува по цена под $ 50 за барел, што е најниско ниво во последните шест месеци, поради зголемената понуда и знаците дека производството не се намалува. Цената на суровата нафта на американскиот пазар падна за 17 центи на 44,96 $, додека на лондонскиот пазар се зголеми за 9 центи на 49,68 $ за барел.
“Цените најверојатно ќе се консолидираат или дополнително ќе ослабнат”, изјави Carsten Fritsch, аналитичар во Commerzbank. “Перцепцијата е дека вишокот на понудата ќе потрае.”
Иако американските залихи на сурова нафта минатата недела се намалија повеќе од очекуваното, залихите на бензин неочекувано се зголемија. Ole Hansen, стратег во банката Saxo, изјави дека тоа е прв показател на завршувањето на летната сезона во САД.
Прашањето е што ќе се случи кога летната сезона ќе заврши, велат аналитичарите. Некои рафинерии во САД работат со рекорден капацитет како би имале корист од високите рафериски маржи. Но залихите на сурова нафта во САД се уште се на многу повисоко ниво од долгорочниот сезонски просек, изјави Fritsch.
“Ако тие продолжат да работат на овие нивоа ќе има голем пораст на залихите на дестилати и бензин кога ќе заврши врвот за побарувачката на бензин”, изјави тој.
Затоа е веројатно да се намали работата на рафинериите во одговор на падот на маржите или да започнат со сезонско одржување, што ќе доведе до пораст на залихите на сурова нафта.
Се очекува производството на нафта од Северното Море во септември да биде на највисоко ниво оваа година и да изнесува еден милион барели на ден.
“Се уште е присутна глобалната презаситеност која треба да се реши”, изјави Hansen. “Нема знаци од ОПЕК, Иран чека спремен, а американското производство е истрајно и покрај падот на цените.”