Цените на нафтата во понеделникот на меѓународните пазари паднаа, бидејќи трговците се одлучија на добитноносна продажба по три недели на зголемување на цената на црното злато.
На лондонскиот пазар цената на суровата нафта падна за 51 центи во споредба со петокот, на 44,60 долари. На американскиот пазар нафтата се тргува за 63 центи пониска цена од 43,10 долари.
Аналитичарите изјавуваат дека падот на цените на нафтата е поврзан со добитоносните продажби по три неделното зголемувањето на цените. “Шпекулативните финансиски инвеститори, најверојатно, ќе ја искористат можноста да остварат профит, откако цените на нафтата изминатата недела се искачија на највисоко ниво во последните 4 и пол месеци”, истакнаа аналитичарите на Комерцбанк во својата дневна белешка.
Трговците наведуваат дека цените на нафтата паднаа поради скокот на вредноста на доларот во петокот. Посилниот долар ја прави нафтата поскапа за увоз во земјите кои користат други валути, што може да ја намали побарувачката. Долар индексот во понеделникот благо ослабна за 0,2 проценти.