Цените на нафтата на меѓународните пазари повторно на највисоко ниво оваа година, во близина на 67 долари за барел, поддржни од очекувањата дека презаситеноста во снабдувањето со текот на времето ќе се намали, а кинеските власти ќе усвојат стимулативни мерки за поттик на производствениот сектор.
На лондонскиот пазар цената на нафта се зголеми за 39 центи во однос на предходното затворање, на 66,85 долари. На американскиот пазар, се зголеми за 22 центи на 59,37 долари.
Од јануари цената на лондонскиот пазар е зголемена за повеќе од 40 проценти, поддржана од очекувањата за балансирање на понудата и побарувачката, но и од страна на слабиот долар и тензиите на Блискиот Исток.
“На пазарот се очекува изедначување на понудата и побарувачката во втората половина од годината”, објаснува Eugen Weinberg од Commerzbank. Додава дека зголемувањето на цената на нафтата во последно време од банката го сметаат за невтемелено од перспектива на понудата и побарувачката.,
На почетокот на оваа недела потпора за цената на нафтата се очекувањата дека кинеските власти ќе усвојат мерки за поттик на производствениот сектор, по извештајот од страна на HSBC кој покажа дека активностите во индустријата во април забележале најголем пад во година дена.
“Кинеските податоци се послаби, но се чини дека нафтениот пазар реагира пригушено. Најмногу се посакува намалување на понудата со цел да се постигне рамнотежа во однос на побарувачката”, објаснува Ric Spooner од CMC Markets.