Цените на нафтата во четвртокот на светските берзи се зголемија поради пожарите во Канада и ескалацијата на тензиите во Либија што ја поттикна загриженоста кај инвеститорите за снабдувањето на краток рок.
На лондонскиот пазар цената се зголеми за 1.11 $ и изнесуваше 45,73 $. На американскиот пазар нафта се тргува за 1,36 $ повисока цена, од 45,14 $.
Во Канада поради пожарот евакуирани се сите жители на Fort McMurray. Некои од нафтоводите во провинцијата Алберта се затворени, а испораката од поедини нафтоводи е намалена, иако сеуште не е точно определено колку.
“Настаните во Канада се уште еден пример на она што ќе биде клучна карактеристика оваа година, а тоа е серија на неочекувани прекини во снабдувањето со поддршка на цените”, пишува David Hufton од PVM Oil Associates.
Инвестициската компанија ETF Securities најави дека поради непланираните прекини снабдувањето од страна на членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), вклучувајќи ја и Либија, падна за повеќе од два милиони барели дневно. Либиското производство веќе е намалено и би можело дополнително да се намали поради ескалацијата на тензиите помеѓу политичките фракции во источниот и западниот дел на земјата.
Американското производство и понатаму продолжува да опаѓа, новите официјални бројки покажуваат намалување за повеќе од 8 проценти од средината на 2015 година, на 8,825 милиони барели дневно.