Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари над нивото од 41 долари, поради веста за минимално зголемување на бројот на бушотини во САД.
На лондонскиот пазар цената на нафтата остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесува 41.18 $. На американскиот пазар нафтата се тргува за 53 центи пониска цена, од 38,91 $.
После 12 неделен пад, бројот на бушотини во САД минатата недела се зголеми за една бушотина покажуваат податоците на Baker Hughes. Изминатата година бројот на бушотини се намали за две третини, на најниско ниво од 2009 година.
Од Commerzbank напоменуваат дека производството на нафта во САД очигледно се уште е доста снажно, како резултат, помеѓу другото, на специјалните фактори како што се привремено подобрената продуктивност и стратегијата за заштита од ценовни флуктуации. “Затоа, ние продолжуваме да очекуваме остар пад на производството во САД во текот на следните недели и месеци”, додаваат од Commerzbank.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) на својата интернет страница објави дека цената на барел од референтната кошница на сурова нафта во петокот изнесуваше 36,59 $, што значи дека се зголемила за 23 центи во однос на претходниот трговски ден.