Цените на нафтата се стабилизираа во близина на нивото од 40 $, растот на ирачкиот извоз го компензираше влијанието на неочекуваниот пад на залихите во САД.
На лондонскиот пазар нафтата се тргуваше по 39,87 $. Додека на американскиот пазар нафтата се тргува по 37,79 $.
Извозот на нафта од пристаништата во јужниот дел на Ирак во април се зголемил на просечни 3.494 милиони барели дневно, покажуваат официјалните податоци на ирачката државна нафтена компанија, што е над просекот од 3.286 милиони барели на ден во март. Оваа информација го потисна во позадина падот на залихите на сурова нафта во САД минатата недела, за 4,9 милиони барели.
Во фокусот на пазаратите е состанокот на водечките производители на 17 април во Доха, на кој треба да се постигне договор за замрзнување на производство на ниво од јануари со цел да се подржат цените на нафтата.
Рускиот министер за надворешни работи изјави дека Иран го потврди учеството на состанокот, иако на замрзнување на производство треба да се придружи откако ќе достигне производство од четири милиони барели на ден. Меѓу учесниците на состанокот ќе биде и азербејџанскиот министер за енергија, се вели во соопштението од Москва.
Во моментов на светски рамки се произведува најмалку еден милион барели на ден повеќе отколку што е потребно.