Цените на нафтата во понеделникот на меѓународните пазари се зголемија и до сега зајакнаа за околу една третина од најниското ниво оваа година, но некои аналитичари укажуваат дека нивното долгорочно опоравување е под прашаник.
На лондонскиот пазар суровата нафта се зголеми за 65 центи во однос на затворањето во петокот, на 39,37 $. На американскиот пазар исто така се тргува за 65 центи повисока цена во споредба со затворањето во петокот, од 36,57 $.
Податоците објавени минатата недела покажа дека американските енергетски компании повторно го намалија бројот на нафтени платформи, веќе 11-та последователна недела, на најниско ниво од декември 2009 година, бидејќи производителите ги намалуваат нивните трошоци. Сепак, некои аналитичари предупредуваат дека се уште има доволно нафта на пазарот што може повторно да ги притиснат цените на нафтата.
“Скокот на цената на нафтата во последниве денови по нашето мислење, не е поттикнато од промените во фундаментите туку од опоравувањето на расположението”, напоменува Norbert Ruecker од Julius Baer, додавајќи дека засега нема најави за опоравување на долг рок.
Кина ја ограничи сопствената потрошувачка на енергија до 2020 година, што е прв пат втората по големина економија во светот да постави цели кои го доведуваат во прашање растот на потрошувачката.
Ric Spooner од CMC Markets верува дека постои голема можност цената на барел на берзата во Лондон да достигне 40. Но, техничките аналитичари укажуваат дека графиконите укажуваат на можен завршеток на пораст на цените на нафтата.