Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице за работно место Соработник за маркетинг и комуникации во Дирекцијата за банкарски услуги на население во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Минималната нето плата предвидена за ова работно место изнесува 25.000 денари, со тоа што може да се договори и повисок износ во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот.
Ова работно место воглавно ги опфаќа следниве задачи и одговорности:
– Тековна анализа на пазарот на банкарски продукти и услуги;
– Сегментација и формирање на таргет групи;
– Креативни решенија, дизајн и изработка на рекламни материјали
– Комунинкација и координација со надворешни соработници за маркетинг
– Изработка на месечени и годишни маркетинг буџети;
– Планирање, организирање и спроведување на маркетинг кампањи;
– Изработка, одржување и унапредување на содржини на веб сајтот на Банката;
– Менаџирање со социјалните медиуми на банката
– Воспоставување на канали за промоција и продажба како и нивна поддршка;
– Организирање и учествување во активности на Банката поврзани со односи со јавноста;
– извршување на теренски промотивни активности согласно план;
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
– Најмалку високо образование од областа на економските науки (маркетинг, е-бизнис и сл.);
– Најмалку 2 години работно искуство поврзано со маркетингот во компании или банки;
– Одлично познавање на англиски јазик;
– Одлично познавање на MS Office пакетот, алатки за дизајн и обработка на креатива
– Солидни познавања од Google Analytics и слични алатки;
– Искуство во поставување и оптимизирање на Google Adwords и маркетинг кампањи на социјалните мрежи;
– Познавање на дигиталните комуникациски трендови и практики;
– Одлично познавање на банкарскиот пазар;
– Одлични аналитички способности и вештини и искуство во подготвување извештаи;
– Одлични комуникациски и ораторски способности;
– Позитивен приод кон работата;
– Висок степен на прецизност.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на [email protected] .
Огласот ќе биде активен заклучно со 20.05.2018 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.