Централна кооперативна банка АД Скопје објавува оглас за вработување на едно лице за работна позиција Соработник за кредитна анализа за клиенти – правни лицаво Филијала Струмица, на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на работниот однос на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, основна почетна нето плата од 26.000 денари со тоа што може да се договори и повисок износ во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот, како и можност за високи дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.
Работното место во основа ги опфаќа следниве работни задачи:
– тековна анализа на пазарот и конкуренцијата;
– извршување на теренски промотивни и продажни активности;
– координација и поддршка на продажната мрежа во промотивни и продажни активности;
– контрола на активности на продажната мрежа врзано за продажби и промоции;
– исполнување на поставени месечни и квартални цели;
– анализа на примени барања за кредити;
– аквизиција на продажни места и поставување на ПОС терминали;
– целосна поддршка на експозитурите на Банката во рамките на Филијалата од аспект на одржување на обуки на вработените;
– извршување на тековно следење и грижа на постоечките клиенти на банката во работни задачи;
– изготвување понуди кои директно се доставуваат до клиентите и сл.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:
– Најмалку високо образование од областа на економските науки (предност имаат насоките: сметководство, банкарство и финансии);
– Минимум 2 години релевантно работно искуство од областа на кредитна анализа на правни лица;
Избраниот кандидат треба да поседува:
– Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
– Самомотивираност и способност за самостојно работење;
– Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите;
– Добри аналитички способности и искуство во анализи на финансиски извештаи;
– Висок степен на прецизност;
– Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;
– Способност за работа со утврдени временски рокови;
– Можност и афинитети за работа на терен;
– Солидно познавање на англиски јазик;
– Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
– Возачка дозвола „Б“ – категорија.
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Вашите кратки биографии заедно со мотивационо писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: [email protected] со назнака „за оглас“. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 15.07.2018 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: [email protected]
Тел. (02) 3 249 308