Поради навремено доставување на годишните сметки Централниот регистер излезе со соопштение за продолжено работно време за граѓаните да можат навремено да ги достават истите.
Како што е наведено во соопштението Централниот регистар на РМ ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2017 година и во сабота на 24.02.2018 година од 08:00 до 16:00 часот во сите градови освен во Кратово, Крушево и Демир Хисар.
На 26.02.2018, 27.02.2018 и 28.02.2018 година Централниот регистар ќе работи од 07.00 до 21.00 часот, освен во РК Македонски Брод, РК Виница, РК Берово и РК Делчево, каде работното време ќе биде од 08.00-16.00 часот. Во градовите каде што Централен регистар нема канцеларии, приемот на годишните пресметки ќе биде со следниот распоред:
– Во Кратово прием ќе се врши на 26.02.2018, 27.02.2018 и 28.02.2018 година, во просториите на Општина Кратово од 08:00 – 16:00 часот.
– Во Крушево приемот ќе се врши во просториите на УНИ банка на 26.02.2018, 27.02.2018 и 28.02.2018 од 08:00 – 16:00 часот.
– Во Демир Хисар приемот ќе се врши во Општина Демир Хисар на 26.02.2018, 27.02.2018 и 28.02.2018 од 08:00 – 16:00 часот.
За субјектите со вид на големина (микро и мали) кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15.03.2018 година.