Намерите на Европската комисија (ЕК) да го задржат нуклеарниот договор со Иран се соочуваат со сериозни проблеми. Загриженоста поконкретно предизвика предлог за финансирање на трансакциите со Иран со помош на европските централни банки, пишува германскиот „Handelsblatt“.
Според медиумот анкетираните централни банки стравуваат да не бидат обвинети за соработка во перење на пари и финансирање на тероризам. Така на пример дознаките на Иран во евра можат подоцна да бидат префрлени на Хезболах, која се смета за терористичка организација од страна на САД, пишува „Handelsblatt“, цитирајќи дипломати од ЕУ.
Самата Европска централна банка (ЕЦБ) не може да извршува такви трансфери, бидејќи тоа би го прекршило нејзиниот мандат. Ова го остава моделот како можни учесници само националните централни банки.
Сето ова се случува во услови на одлуката на САД да излезат од нуклеарниот договор со Иран, што доведе до воведување на санкции од страна на САД, кои забрануваат реализирање на бизнис со долари со Иран. Евентуалните прекршувања ќе бидат казнети со тешки казни. Иранските нафтени зделки во голема мера се регулирани токму во долари.
Европската комисија вели дека може да финансира зделки со Иран за нафта без интервенција на комерцијалните банки со помош на централните банки. Тие би можеле да и пренесат на иранската централна банка суми во евра, за да ја исплатат европската потрошувачка на нафта. На овој начин санкциите на САД ќе можат да бидат опкружени и тоа ќе им овозможи на Европејците да продолжат да остваруваат нафтени зделки со Иран. Ова, за возврат ќе помогне за почитување на економските обврски, при потпишувањето на нуклеарниот договор.