Со важност од 1.1.2020 година каматните стапки на дел од потрошувачките кредити,  се намалуваат до 0,22 процентни поени, а во согласност со промената на висината на Националната референтна каматна стапка НРС  и на максималната законска каматна стапка.

Новите каматни стапки ќе се применуваат во тековното полугодие за постојните и новосклучени договори во согласност со договорните услови. Истите се објавени на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје www.ttk.com.mk кај секој поединечен производ, како и на огласните табли во експозитурите и филијалите.  Корисниците ќе добијат писмено известување за намалениот износ на ануитетот.