Во правец на својата посветеност за поддршка на вистинските универзални вредности, ТТК Банка АД Скопје годинава со големо задоволство и безрезервно ја дава својата поддршка на Македонскатафилхармонија, една од најзначајните културни институции во земјава.
Во текот на новата концертна сезона 2018/19, ТТК Банка АД Скопје ќе биде горд поддржувач, ќе ги следи и ќе се радува на врвните музички изведби на фантастичните музичари од земјава и од светот, солистите и диригентите, кои ќе настапуваат заедно со оркестарот на Македонската филхармонија.
Со оваа соработка, ТТК Банка АД Скопје ја потврдува својата посветеност на вредностите што ги застапува – квалитет, ентузијазам, умешност, искуство и знаење, тимски дух и професионалност. Ова партнерство истовремено ја означува и промовира соработката помеѓу културата и бизнисот што претставува глобален тренд и е од огромно значење за развој на современите концепти на уметничкото и културното творештво.
ТТК Банка АД Скопје како банка со традиција и искуство од една, и иновација и ентузијазам од друга страна, е веќе препознатлива како општествено одговорна компанија којашто поддржува значајни проекти од областа на културата, науката, спортот и поширокиот општествен интерес.
Со радост и во исчекување на нови уникатни доживувања, го поздравуваме почетокот на новата концертна сезона и посакуваме успешни и незаборавни концерти во кои ќе имаме прилика да уживаме!