Со важност од 6.8.2018 година, во согласност со пазарните услови, ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на девизните депозити на физички лица во евра до 0,30 процентни поени.

Новите каматни стапки важат за сите постојни и новосклучени договори за депозити. Кај постојните договори за депозити со фиксна каматна стапка, важечката каматна стапка ќе се применува на датумот на реорочување на договорот.

Каматните стапки се објавени кај секој депозитен производ на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје, како и на огласните табли во експозитурите и филијалите.

Промотивната понуда на девизниот депозит ЕВРО ФИКС 15 за штедење во евра на 15 месеци со фиксна каматна стапка од 1,3% годишно е со важност до 30.9.2018 година.