Известување за исплата на пензии од 1 март 2019 година
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека со почеток од 1 март 2019 година, ТТК Банка АД Скопје почнува да врши исплата на пензиите на 1-ви во месецот за пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ), на нивната денарска трансакциска сметка во ТТК Банка АД Скопје. Доколку 1-ви е неработен ден (викенд или празник), исплатата ќе се врши на првиот работен ден во месецот.
Како приматели на пензија на сметка преку ТТК Банка АД Скопје, имате можност да користите низа поволности: бесплатна VISA дебитна картичка со која може да се подигне пензијата, дозволено пречекорување до 2 (две) пензии, Премиум смарт потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,5% годишно во првата година, VISA Classic кредитна картичка до 0% камата во првата година и 24/7 бесплатен пристап и увид во трансакциската сметка користејќи ги услугите на електронско и мобилно банкарство на ТТК Банка АД Скопје, како и можност за плаќање преку Интернет.
Повеќе информации за оваа услуга можете да добиете во експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје.