Брзо и ефикасно извршување на вашите финансиски работи, преку услугата електронско банкарство на ТТК Банка. Услугата гарантира максимална заштита и безбедност преку користење на дигитален сертификат кој во ТТК Банка се издава без надоместок.
Со електронското банкарство на ТТК Банка имате можност на брз и едноставен начин од својот дом или работно место да ги извршите следните услуги:
- проверка на состојба, приливи и одливи на денарска или девизна трансакциска сметка;
- проверка на состојба и аналитички приказ на трансакции на платежна картичка;
- проверка на состојба на кредит/депозит;
- податоци за курсна листа за избран ден;
- аплицирање за Инстант кредит;
- барања за издавања на сертификати, токени
- менувачко работење – дозволено само за купување и продавање валути за оние валутни сметки што корисникот ги има во ТТК Банка;
- отворање стандарден депозит (како специфична услуга и кусур штедење), пренос на средства на депозит и креирање на траен налог;
- плаќања (плаќање сметки за режиски трошоци, уплата на рата за кредит или рата на кредитна картичка), парични трансфери, преглед на реализирани налози и налози кои чекаат на реализација;
- промена на дневни лимити на платежни картички (лимит за повлекување на с-ва од АТМ и лимит за on-line плаќања)
Како станувате корисник на електронското банкарство на ТТК Банка?
Едноставно! Сè што треба е да имате отворено трансакциска сметка во ТТК Банка и да пополните апликација за услугата во која било филијала / експозитура на ТТК Банка. Притоа не заборавајте со вас да понесете документ за идентификација како лична карта или пасош.
Многу повеќе информации на следниов линк.