Почитувани корисници,

Ве известуваме дека услугите на експозитуратa на ТТК Банка АД Скопје на бул. „Партизански одреди” бр. 171а  во општина Ѓорче Петров, Скопје ќе можете да ги користите заклучно со 31.1.2020 година (петок). Услугите преку банкоматот (исплата на средства, проверка на состојба на сметка, промена на ПИН итн.) и понатаму ќе Ви бидат достапни на истата локација.

Во иднина секојдневните банкарски трансакции на територијата на град Скопје ќе можете да ги реализирате на следните локации на Банката:

Филијала/Експозитура/Шалтер Адреса Телефон

02/32 47 000 лок.

Работно време
понеделник-петок сабота
Филијала Скопје ул. „Народен фронт“ бр. 19а, Скопје 508, 509 од 8:00 до 17:00 од 9:00 до 13:00
Експозитура Скопје Центар ул. „Даме Груев“ бр. 7, Скопје 544, 545 од 9:00 до 17:00 /
Експозитура Скопје Аеродром бул. „Јане Сандански“ бр. 26а, Скопје 524, 525 од 8:00 до 16:00 од 9:00 до 13:00
Експозитура Скопје Кисела Вода ул. „Христо Татарчев“ бр. 47, Скопје 572 од 8:30 до 16:30 /
Експозитура Скопје Автокоманда ул. „16-та Македонска бригада“ бр. 2/3, Скопје 562 од 8:00 до 16:00 /
Експозитура Скопје Чаир ул. „Кемал Сејфула“ бр. 1/1/4, Скопје 681, 682 од 8:00 до 16:00  
Шалтер Скопје „АСУЦ“ бул. „Александар Македонски“ бр. 26 б, Скопје 591, 592 од 8.00 до 18.00 од 9.00 до 13.00

Во секое време на Ваше располагање се услугите достапни преку апликацијата за мобилно банкарство TTK M-bank, електронското банкарство TTK E-bank, како и мрежата банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

ТТК Банка АД Скопје и понатаму останува Ваша поддршка при користењето на потребните финансиски производи и услуги.

Со почит,

ТТК Банка АД Скопје