ТТК Банка ја објави новата промотивна понуда за девизни депозити за физички лица,со фиксна каматна стапка за 15 и 25 месеци за штедење во евра. И Тоа :
- ЕВРО ФИКС 15 депозитот ви нуди фиксна каматна стапка од 1,5% годишно, со можност за месечна исплата или припис на камата
- ЕВРО ФИКС 25 депозитот ви нуди фиксна каматна стапка од 2,5% годишно, со можност за месечна исплата или припис на камата
Пресметката на каматата на средствата се врши месечно по пропорционална метода со месечна исплата или припис. Датумот на месечното достасување на каматата се одредува според датумот на орочување на секој поединечен влог.
Потребни документи
- Документ за идентификација (важечка лична карта или пасош) за физички лица;
- Кај малолетни лица при отворање на штедниот влог треба да се достави извод од матична книга на родените.
Корисници
- Домашни деловноспособни лица, малолетни лица и лица без деловна способност со законски застапник и странски физички лица;
- Полнолетно деловно способно лице – лично;
- Полнолетно лице без деловна способност со законски застапник;
- Малолетно лице со родител, деловно способно лице, како законски застапник.
Оваа промотивна понуда може да ја погледнете тука.