ТТК Банка АД Скопје традиционално беше спонзор на детскиот фестивал „Јаболчиња“, кој се одржа викендов во Тетово.
Домот на културата “Иљо Антески – Смок“ беше местото каде што изминатиот викенд царуваа детските мелодии, џагорот и смеата.
“Фестивалот „Јаболчиња“ се одржа по 29-ти пат, а со нашата поддршка обезбедуваме континуирано одржување на еден од ретките детски културно-забавни настани во Тетово“, велат од ТТК Банка.
ТТК Банка АД Скопје продолжува со своите заложби за општествена одговорност, постојано поддржувајќи ги децата и младите.