Турција ја тужи Европската Унија во Светската трговска организација (СТО) за ограничувањата на увозот на челик што ги воведе Брисел по затворањето на американскиот пазар.
ЕУ постави квоти за увоз на 26 вида челик во јули 2018 година поради загриженост дека европскиот пазар може да биде презаситен кога американскиот претседател, Доналд Трамп, воведе тарифи за челикот што доаѓа во САД.
Европскиот блок воведе квоти за увоз до јули следната година со царина од 25 проценти. Турција е еден од најголемите извозници на челик во ЕУ, заедно со Кина, Индија, Русија, Јужна Кореја и Украина.
Турција во својата тужба тврди дека Европската комисија не дала соодветни резултати и заклучоци, како и дека нивните производители се изложени на ризик. Според прописите на СТО, двете страни имаат 60 дена да се обидат да го решат спорот преку консултации по што Турција може да побара одлука.