Комитетот за надворешна политика на турскиот парламент вчера го одобри договорот меѓу турската и либиската влада за поморска граница во Средоземното море, со кој се дозволува пристап на Турција до економската зона на Медитеранот.
Собранието, исто така, ќе го објави договорот подоцна денес, пренесува АП.
Турција минатата недела потпиша договор со либиската влада признаена од ООН, предводена од Фаиз Сараи, која контролира некои западни делови на земјата.
Овој договор предизвика дебата во либискиот парламент, кој се наоѓа на крајниот исток на земјата и е под влијание на генералот на либиската национална армија Калиф Хафтар.
Договорот, исто така, го влошува веќе постоечкиот спор на Турција со Грција, Кипар и Египет за правото на експлоатација на нафта и гас во источниот Медитеран.