Турските производители на цвеќиња извезоа 60 милиони рози во 50 земји – меѓу кои се Холандија, Велика Британија, Германија и Украина – пред Денот на вљубените на 14 февруари.
Испораката на рози почна пред 20 дена, изјави Исмаил Јилмаз, претседател на Здружението на извозници на украсни анадолски растенија, за турската агенција „Анадолија“.
Минатата година производство на рози беше помало во споредба со тековната година поради студеното време, рече Јилмаз, додавајќи дека годинава земјата извезла 6 милиони рози повеќе отколку минатата, јавува агенцијата „Анадолија“.
Истакнувајќи дека досегашниот извоз се зголемил 6,5 милиони американски долари, тој рече дека новите нарачки ќе бидат доставени по воздушен пат до 14 февруари.
Тој рече дека Турција извезува и други цвеќиња, особено каранфили, кои сочинуваат речиси 90 проценти од вкупниот извоз на цвеќе од земјата.