Турција поднесе барање за полноправно членство во БРИКС.

Помошникот на претседателот на Руската Федерација потврди дека Турција поднела барање за полноправно членство во БРИКС и посочи дека земјите членки ќе го разгледаат.

„Турција може да стане силна, просперитетна, престижна и ефикасна земја доколку ги подобри односите со Истокот и Западот истовремено. Секој друг метод, освен овој нема да ѝ користи на Турција туку ќе ѝ наштети“,  изјави изминатиов викенд турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул.

Именувана според членките Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, групата БРИКС вклучува земји што не се наведени во акронимот, како што се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Етиопија и Египет, кои се приклучија на почетокот на годинава. Овој блок се смета за алтернатива на глобалната сцена на групата Г7 предводена од САД.