Причината: Исклучување на земјата од програмата F-35
“Нашето исклучување од борбената програма на Ф-35 ќе има негативни последици за НАТО, особено во однос на силата на јужното крило на Алијансата”, рече турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, цитиран од БТА.
Во придружба на началникот на Генералштабот, Јасар Гилер, и други генерали, Акар даде брифинг за новинарите по инспекцијата на распределбата на турската армија на границата со Сирија.
Турскиот воен министер рече дека Турција е во сериозен ризик од закана од воздух и проектили.
“За жал”, рече тој, “нашиот стратешки партнер САД не даде навремени и задоволителни одговори на нашите планови кои ги започнавме уште во 2000-тите години за снабдување со долгорочни воздушни и ракетни системи (UMBHFSS). Поради тоа ние бевме принудени да купиме С-400. Турција е важен партнер во проектот за Ф-35 и ги извршува сите свои обврски. се гледа јасно дека вадењето на Турција од програмата и од соработката е еднострано и неправедно решение и дека не се базира на никаква легитимна основа. Заедно со разумните и веродостојни дискусии во САД, голем број на изјавите се еднострани и не се во согласност со духот на сојузот.
Отстранувањето на Турција од програмата Ф-35 негативно ќе влијае на јужниот дел на НАТО. Како стратешки сојузник, нашето природно право е да ги замолиме САД да се откажат од оваа позиција и да ги избегнат чекорите што ќе им наштетат на нашите односи.
На брифингот, министерот Хулиј Акбар истакна дека Турција продолжува со истата определба и растечко темпо на борбата против тероризмот.
“Продолжуваат ударите против терористите во планината Кандил во рамките на операцијата „Шепа“. По вероломниот напад во градот Ербил каде загина еден турски дипломат преземаме најголемата операција во последно време против терористичката организација и нанесовме тежок удар врз терористите. Уништени се многу цели, скривалишта , засолништа, муниција, итн. Употребувавме муниција од локално производство, беспилотни авиони и нема да ја оставиме крвта на нашите маченици на земја “, рече Акар.