Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Fitch Ratings го намали суверениот рејтинг на Турција за уште еден степен, наведувајќи голем број фундаментални фактори, вклучително и тешката ранливост на економијата на висока инфлација.
Новиот кредитен рејтинг на Турција веќе е „ББ-“ со негативен изглед – четири нивоа под инвестициската скала, длабоко во зоната со висок ризик (ѓубре) и еднаков на рејтингот на Египет и Бахреин. Негативната перспектива значи дека намалувањето на кредитниот рејтинг може да продолжи.
„Експанзионистичката економска мешавина (вклучувајќи силно негативни реални каматни стапки) може да ги надува високите стапки на инфлација, да ја зголеми ранливоста на јавните финансии на девалвација и инфлација на националната валута, да ја поткопа довербата на домаќинствата и бизнисите и да го зголеми притисокот врз девизните резерви“, се наведува во изјава на официјален претставник на „Fitch Ratings“.
Турската централна банка почна да ги намалува каматните стапки минатата година под притисок на претседателот Реџеп Таип Ердоган, исто како што повеќето економии во развој тргнаа во спротивна насока за да ги заштитат локалните валути од глобалните ценовни притисоци. Турските монетарни власти ги намалија каматните стапки за вкупно 500 базични поени на четири последователни официјални состаноци од септември до декември 2021 година. Што ги турна индикаторите за ризик, вклучително и премиите за кредитни своп, на највисоките нивоа во последните шест месеци. Турската лира изгуби 44% од својата пазарна вредност во однос на американскиот долар минатата година пред владата да преземе чекори за да го спречи падот и да ги заштити заштедите на националната валута од депрецијација. Тие донесоа одредена стабилност на лирата, но инфлацијата скокна на 48,7% годишно во јануари – најголем раст во последните две децении.
Другите две големи меѓународни кредитни агенции, Standard & Poor’s и Moody’s, исто така, го оценуваат рејтингот на Турција на скала со висок ризик (ѓубре).