Во првата половина од годината, бројот на ноќевања во руралните домаќинства во Србија е зголемен за 21,8 отсто во однос на истиот период од 2022 година, а посетите на странските туристи се зголемени за 32,6 отсто, покажуваат податоците на Министерството за туризам и млади, објави порталот Инфостуд.
Заклучно со јуни, во базата на е-туристички податоци се регистрирани 758 рурални туристички домаќинства со нешто повеќе од 2.400 сместувачки единици. Додека многу други туристички услуги претрпеа сериозни последици поради пандемијата на ковид, руралниот туризам доживеа заживување, а просечната должина на престој се зголеми од два и пол дена за време на пандемијата на цела недела, се наведува во објавата на Инфостуд.