Бројот на патници полека се враќа на нивото пред пандемијата, но некои од најпознатите дестинации веќе се загрижени дека ќе се вратат проблемите со прекумерниот, масовен туризам. Поради ова, некои земји и градови годинава веќе воведоа туристички такси, а според најавите тоа ќе го сторат и повеќето од најпознатите туристички дестинации.

Валенсија веќе најави дека од 2023 година ќе воведе туристичка такса за патниците кои престојуваат во сите видови сместување во регионот, вклучувајќи хотели, хостели, апартмани и кампови. Оваа одлука ќе стапи на сила на крајот на годината, а посетителите ќе треба да платат меѓу 50 центи и 2 евра за ноќевање во зависност од избраното сместување.

Парите ќе бидат насочени кон одржлив развој на туристичкиот сектор во оваа област на Шпанија, но и за обезбедување подостапно сместување за локалното население во туристичките области. Данок од следното лето ќе воведе и Венеција.

Надоместокот би чинел од три до десет евра во зависност од тоа за кој дел од сезоната се работи. Инаку, властите во Венеција воведоа систем за онлајн резервации како превенција на бројот на туристи, но сметаат дека тоа не е доволно.

Да потсетиме дека следната година Европската унија ќе воведе и туристичка виза, а до ноември 2023 година, граѓаните кои не се членки на ЕУ, вклучувајќи Американци, Австралијци, Британци и други патници надвор од Шенген зоната, ќе треба да пополнат апликација од 7 евра за влез.

Оние помлади од 18 или над 70 години нема да мора да ја плаќаат таксата. Кога станува збор за даноците, во Австрија, на пример, оваа такса зависи од провинцијата во која патувате, но во Виена или Салцбург плаќате дополнителни 3,02 отсто од хотелската сметка по лице.