Годишното поскапување на стоките и услугите во октомври изнесуваше 25,2% во споредба со 24,5% во септември
И покрај заострената монетарна политика и големиот пораст на каматните стапки во средината на септември, годишната инфлација во Турција продолжи да се забрзува во октомври, достигнувајќи 15 годишен рекорд. Сега изнесува 25,2 отсто откако беше на 24,5 отсто во септември и 17,9 отсто во август, според статистичкиот завод на Туркстат.
Ова значи дека инфлацијата се забрза повеќе од два пати во споредба со мај. Пред една година, таа беше 11,9%. Економистите очекуваат пораст од 24,4 отсто во октомври, објави ДПА.
Месечната инфлација сепак се забавува чувствително до 2,7% во однос на ниво од 6,3% во септември, но сепак ги надмина предвидувањата на аналитичарите за 2,0%. Цените на производителите се зголемија уште посилно во споредба со истиот период минатата година – 45,0% (септември: 46,15%). Месечната апрецијација значително забави на 0,9% во споредба со 10,9%.
“Не е толку лош резултат, можеше да биде многу полошо по ужасните податоци од септември”, коментираа за Bloomberg податоците на Тим Еш, стратег на BlueBay Asset Management LLC. “Луѓето ќе гледаат на овие податоци како на надеж за пресвртна точка”.
Лирата се намали откако податоците беа презентирани во Анкара. Валутата загуби до половина од својата вредност во однос на доларот во рамките на дипломатскиот спор со САД, но поскапе со повеќе од 25% во однос на нивото од август според податоците собрани од Bloomberg.
На крајот на октомври турската централна банка значително ги зголеми прогнозите за развојот на потрошувачките цени за периодот 2018-2020 година. Како што рече Гувернерот Мурат Четинкаја за тековната година сега се очекува инфлација од 23,5% (претходната прогноза беше од 13, 4%), при што цените на храната најверојатно ќе пораснат за 29,5% (13,5%). Проекциите за инфлацијата за 2019 и 2020 година се на ниво од 15,2% (9,3%) и 9,3% (6,7%), соодветно.
Сепак, централната банка очекува забавување на околу 5% на среден рок. Четинкаја го објасни зголемувањето на прогнозите за инфлацијата со силниот пад на вредноста на фунтата, но увери дека со придржувањето кон строга монетарна политика се очекува инфлацијата постепено да се врати на целните вредности.
На 13 септември централната банка ја зголеми основната каматна стапка со 625 базични поени до 24%, бранејќи ја својата одлука со значителните ризици за стабилноста на цените. Монетарната политика мора да остане цврста додека инфлацијата не се подобри, соопшти Централната банка.