Турската лира продолжува да паѓа, денеска падна на ниво од 4,76 лири за еден долар, со што загуби над 20 проценти од својата вредност од почетокот на годината.

 

– Се поважно станува Турската Централна банка да преземе сериозен чекор, изјави турскиот монетарен аналитичар Енвер Еркан.

Една од причините за падот на лирата е загриженоста за монетарните и економските политики на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, за кого се очекува да победи на претстојните јунски избори. Ердоган ги прогласи каматните стапки за зло, што предизвика загриженост во финансискиотсектор.