Турската централна банка значително ја подигна референтната каматна стапка од 17,75 на 24 отсто, за да ја скроти инфлацијата и да ја поддржи домашната валута која годинава бележи големи загуби. Монетарниот одбор на Турската централна банка ја подигна стапката и покрај изјавите на претседателот Реџеп Таип Ердоган во која се спротистави на зголемување на каматите.
Турската лира почна да се опоравува набрзо после оваа објава на банката. Претходно во текот на денот, лирата падна за 3 отсто во однос на доларот. Централната банка во соопштението наведува дека локалното стопанство слабее, а инфлацијата расте. Зголемувањето на каматната стапка би можело и понатаму да го ограничи растот, но независните аналитичари сметаат дека тој потег е неопходен за да се скроти инфлацијата од околу 18 отсто и да се поддржи домашната валута.