Турската Цетрална банка ја зголеми основната каматна стапка на 17,75 отсто од 16,5 отсто, што претставува второ покачување по драстичниот пад на лирата.  По одлуката, лирата поврати 1,82 проценти во однос на доларот, до вредност од 4,47 лири за долар.

Банката соопшти дека затегнувањата во однос на монетраната политика ќе продолжат се додека не биде забележано значително подобрување во однос на инфлацијата.

Одлуката за зголемување на каматната стапка доаѓа за помалку од три недели од одржувањето на претседателските и парламентарните избори во Турција.

Како што јави МИА, минатиот месец турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека има намера да извршува поголема контрола врз економската политика, доколку победи на изборите, што предивизика загриженост за поголема политичка контрола врз Централната банка.