Турција секогаш ќе го користи своето право да одговори на нефер трговските мерки, со цел да ги заштити своите економски интереси, соопшти денеска турското Министерство за трговија.
Во соопштението, кое претставува реакција на воведените царини од страна на Вашингтон, се истакнува дека турскиот сектор за производство на челик и железо не претставува никаква закана за САД.
Откако САД воведоа царини за увоз на челик и алуминиум, Турција во мај најави дека ќе преземе контрамерки.
Неодамна, турскиот министер за трговија Рухсар Пекџан на средба со претставници на американски компании, повика Турција и САД заедно да работат на производство на челик и железо.