Во последниов период колку повеќе се популарни крипто-валутите толку повеќе истите се цел на измами.
Поради тоа Американскиот технолошки концерн, „Твитер Инк.“ се обидува да ги спречи наводните измами со крипто-валути на својата платформа, објави „Блумберг“.
Компанијата соопшти дека презема чекори за да спречи профили од овој тип да комуницираат со други на погрешен начин.
„Твитер“ е свесен за „манипулацијата“, поврзана со крипто-криминалот, и применува мерки за „спречување на интеракцијата на овие видови сметки со други сметки на погрешни начин“, вели портпаролот на компанијата пред „Блумберг“, одбивајќи да даде дополнителни детали.
„Фејсбук“ неодамна забрани реклами поврзани со крипто-валути, ИКО (иницијални понуди на монети) и бинарни опции, велејќи дека се поврзани со „погрешни и измамнички практики“. Сепак, на платформата сѐ уште можат да се видат реклами со крипто-валути.
– Имаме нова политика со која се забранува промоција на финансиски производи и услуги, поврзани со заблуди, соопшти компанијата.
Оваа политика ќе се примени и на други платформи на компаниите – „Аудиенс Нетворк“ и „Инстаграм“, посочија тогаш од компанијата.